Актуелно // Insta вести
Таа мала девојка му го украде срцето и го нарекува тато: Мартин од Некст Тајм емотивен за ќерката - „Љубовта наша ќе е вечна“
Неодамна стана горд татко на малата Лиана, а со тоа ја доби и најважната улога во животот - татко.
Мартин од Некст Тајм не крие дека ужива во друштво на неговата ќеркичка која има скоро два месеци.
Со фотографија додека Мартин ја држи во раце Лиана и посвети емотивни зборови.
„Љубовта наша ќе е вечна“, напиша Мартин.
„Самите го искомплициравме секој аспект на живеењето па и родителството, мислам дека доаѓаат доста комплексни времиња за воспитување дете. Како и да е, и јас и Мартин сме позитивни, затоа што не сме ни први ни последни идни родители на светот, верувам дека ни предстои нова, топла, убава ера и едвај чекам да почнеме да ја живееме“, изјави Андреа, сопругата на Мартин Филиповски во интервју за Женски магазин.
Фото: ИнстаграмРЖМ