Таа знае како, да ја послушаме: „Ледената Македонка“ Бетика со неколку корисни совети за сите кои денес ќе се капат во ладни води за Водици-Богојавление
Ресенчанката Бети Котовчевска на македонската јавност ѝ е позната како ледена девојка Бетика која обожава да се капе во ладни води во било кој период од годината.
По повод денешниот празник Водици - Богојавление, кога се осветуваат светите води и светиот крст се положува во сите води, Бетика упати неколку совети на сите кои што планирате денес да се капат или како што се вели да се фрлаат по светиот крст.
Нејзините совети ги читаме подолу, а нејзиниот статус го пренесуваме во целост:
„Хелоу екипица, сакам да упатам еден апел до сите граѓани на Република Македонија!
Утре е најголемиот Христијански празник Водици - Богојавление!
Денот на кој според Христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење!
Во оваа прилика како познатата "Ледена Македонка" која што веќе 9 години се занимава со капение во ладни води сакам да ви дадам неколку совети на сите вас кои што планирате да се капите утре !
Прво и најбитно правило:
НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
НИКАКО НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
Знам дека живеете со уверување едно раќивче ќе ме стопли, не и не, не е така, тоа е мит.
Вие сте комплетно задолжени за терморегулација на вашето тело.
А КАКО ТОА ? ЕВЕ ВАКА:
1.Аклиматизација - Разголете го вашето тело пред влегувањето со тоа му давате информација на вашиот мозок што ќе правите, а телото постепено ќе се подготвува за шокот.
(Шокот е здрав, доколку правилно се изведува капението)
2.Ставете фокус на вашето дишење од моментот кога ќе пристигнете до ладните води, па се до крајот.
Свесно вдишување со нос, го носите воздухот до дијафрагма(кај мешето) од таму отворате средина на стомак, па гради, а потоа и лесно го испуштате низ уста.
Првите неколку вдишувања ќе ви се избрзани и тоа е нормално,не се паничи не дозволувај паниката да те обземе.
Ти си многу посилен/посилна од тоа!
Сакам да се фокусирате и да дишите пополека, нежно,бавно..
Како што чичко Вим Хоф вели:
Устата е за јадење, носот за дишење.
Со ова ќе го намалите веќе постоечкиот адреналин и лесно ќе може да го поднесите шокот од ладната вода.
Дишењето е главна алатка во овој спорт.
Кога ќе го успорите дишењето за момент ладната вода ќе ви стани топол пријател.
3. Загревање на телото после капение:
Кога излегувате од водата сакам фокусот сеуште да ви биде насочен на вашето дишење.
Т.е. да сте присутни!
Тотално присутни во вашиот здив!!
Избришете го телото и останете уште малце разголени, пополека со секој здив почнете да го движите целото тело како што ви доаѓа природно, скокање и растресување се најбрзи двигатели на целиот систем така да растреси сѐ !
Исто така при загревање на телото помага многу волната, ако имате волнени чорапи од вашите мили бабички, фиксно земете си ги .
Волната ја балансира телесната температура, ја враќа во нормала.
За многу години мили мои, и наздравје капение !
Во љубов и радост да си славиме !
Споделете со вашите најблиски, погрижете се за нивната безбедност!
Ладната вода можи живот да дари, но и живот да земи!
Со Господ напред!
Ве љубам “ - напиша Бети на Фејсбук.