Твојата сенка уште ме
држи за рака.
Чекорам по мочуришта
за да стигнам до чешмата
каде постојано перам
спомени,
во стомни заробувам
духови,
со кафено лажиче ловам
самовили,
и умешно вртам вретено
намотано со минато и
иднина за да ги оптегнам
на сегашниот разбој.
Врз пресно печената вар
ги ложам твојата лага
и мојата тага.
На обелениот образ на
нашата приказна совршено ù прилега црна
шамија.
Ти оставам дух,
за да спас(тр)ам снага.
За Женски Магазин, Тања Кармзова Костиглиола