Татјана и Новица славеа Свети Никола во Австралија: Песна, оро и посна трпеза за гостите

Добивај вести на Viber

Фолк пејачката Татјана Лазаревска вчера во својот дом во Австралија ја прослави семејната слава Свети Никола.

Таа објави фотографии на социјалните мрежи како го прославуваат овој ден со блиски пријатели и роднини.

„За многу години Свети Никола“, напиша Татјана.

Пејачката подготвила погача, пченица и вино за молитвата за здравје, а за гостите посна трпеза.

Каква слава би било, ако нема песна и оро во музичко семејство. Татјана и Новица организирале и бенд, па атмосферата се значинила со македонска песна и оро.

Минатата недела пејачката на аеродром ја пречека нејзината мајка која пристигна на гости во Сиднеј.

Фото: Инстаграм