Татко ѝ беше балканска ѕвезда, а таа нема завршено ни средно училиште: Еве дали Ела Дворник се кае

Добивај вести на Viber

Денеска има 33 години и е успешна инфлуенсерка

Дино Дворник, еден од најпопуларните музичари на овие простори, чија ѕвезда не згаснува иако не е со нас повеќе од 15 години, инспирацијата ја најде во складниот семеен живот, сопругата Даниела и ќерката Ела.

Ела Дворник денес има 33 години, таа е успешна инфлуенсерка, а пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието поради разводот. Но, тоа не е единственото нешто со што ја изненади јавноста.


Имено, ќерката на Дино Дворник неодамна призна дека не завршила средно училиште.

Кога била втора година решила да се откаже за снимање на серија. Многумина ја осудија поради тоа, а таа објасни дека знаењето го стекнала на поинаков начин и дека секогаш знаела дека нема да се запише на факултет.

Гостувајќи во подкаст, ќерката на Дино Дворник откри дали ѝ е криво што има само основно училиште. Таа на тоа прашање одговори со убедливо „не“.


- Ужасно ме нападнаа, срамота беше. Денес е речиси нормално, очекувањата од училиштето не се толку големи како порано. Искрено, кога би можела да се вратам сега, не би го ни започнала. Двете години што ги завршив не ми користеа апсолутно ништо – изјавила Ела.

- Сѐ што ми требаше во животот сама научив. Дури и паѓав, имав единица по географија и на крајот освоив седум награди за најдобар блог за патувања. Така, на крајот од денот, ако сакате нешто, можете да го постигнете ако работите напорно. Или дури и не мора да се трудите премногу.

Извор: espreso.rs