Татко ѝ е само две години постар од зетот: Кои се родителите на Меланија Трамп?

Веста за американското државјанство на родителите на Меланија Трамп ја пренесоа сите светски медиуми. Словенечката двојка Амалија и Виктор Кнавс од синоќа и официјално се државјани на САД, а информацијата ја потврди и нивниот адвокат. 

Виктор Кнавс (74), таткото на Меланија е поранешен бизнисмен, продавач на автомобили и е само две години постар од својот зет. Нејзината мајка Амалија работела во текстилна фабрика и е особено блиска со Првата дама на САД.

Меланија (48) е родена во Ново Место во Словенија. За американскиот претседател  Доналд Трамп се омажи во 2005 година, а американско државјанство доби следната година.