Те чекам да се јавиш, уште го чувам твојот број: Амиџиќ емотивно се сеќава на Маринко Маџгаљ на неговиот роденден

На денешен ден, роден е црногорскиот актер Маринко Маџгаљ кој почина од рак во 2016 година. Неговите блиски пријатели со емотивни објави се сеќаваат на него. Еден од нив е неговиот близок пријател, српскиот водител Огњен Амиџиќ. Огњен и Маринко беа членови на дуото „Фламингоси“ кое за малку ќе ја претставуваше Србија и Црна Гора на „Евросонг“ во 2006 година. 

„Секој ден ми се причинува како ја симнуваш кацигата и се симнуваш од моторот, дека влегуваш во студио и „фрлаш“ некоја бедна „финта“. И чекам да се јавиш, зашто твојот број е и понатаму во мојот телефон. И на кого денес да му подарам 20 евра за роденден? “, напиша Амиџиќ на својот Твитер профил.

Маџгаљ и Амиџиќ беа заедно во дуото „Фламингоси“ 

Маринко Маџгаљ денеска ќе наполнеше 41 година, а битката со болеста ја загуби во 38. година. Огњен и другите блиски на актерот уште не можат да се помират со загубата.