Ти требав само поради Инстаграм: Видеото кое ги покажа сите трауми на децата на инфлуенсерите предизвика лавина коментари
Сè повеќе луѓе доброволного покажуваат својот живот на социјалните мрежи, особено мајките инфлуенсери. Нивните животи и животите на нивните семејства на тој начин стануваат нивен бренд и содржина, од кои на крајот заработуваат пари.
Иако за некои мајки тоа е многу практично и погодно, бидејќи можат да останат дома, а сепак да заработат многу добар приход, во реалноста оваа ситуација може да биде меч со две острици. Вистинската цена на ваквиот начин на живот, посочуваат експертите, ќе се знае дури кога нивните деца ќе пораснат.
Кортни Ланџ, која објавува содржини на Тик ток, објави видео од имагинарен телефонски разговор помеѓу мајката на инфлуенсерка и нејзиното сега веќе возрасно дете. Дефинитивно вреди да се гледа, иако може да ве остави со горчлив вкус во устата.
@musings.of.motherhood “Do you wish you could go back and be more present?” #skit #skits #familyvlog #momsoftiktok #momtok #fyp #foryoupage #viral ♬ original sound - Courtney Lange
Во виралното видео гледаме дете кое е луто на мајка си и има многу нерешени трауми, но мајката изгледа не разбира зошто.
„Ти купивме убави работи, те однесовме на одмор, живеевме во убава куќа, ти подаривме убав живот... што повеќе да посакаш“, зборува замислената мајка инфлуенсерка во видеото. Нејзината ќерка одговара дека проблемот е што на децата им обрнувала внимание само кога снимала содржина за социјалните мрежи.
Видеото предизвика лавина од поделени реакции, но според коментарите се чини дека има уште повеќе кои сметаат дека некои приватни работи никако не треба да излегуваат надвор од четирите ѕида на домот.
Фото: Тик ток/ПринтскринИзвор:najzena.alo.rs