Тијана неутешна за смртта на новинарот Борис Триван: Па како бе така одненадеш, не е фер

Добивај вести на Viber

Новинарот Борис Триван од соседна Србија, одеднаш почина денеска во Берлин, за време на предавањето на кое учествуваше со своите колеги.

На уредникот на порталот „Noizz“ му застанало срцето, а лекарите можеле да идентификуваат само смрт.

Триван е роден во 1979-та година во Зрењанин, а во последната деценија и половина живееше и работеше во Белград. Тој доби слава преку Твитер со прекарот Покојна Милева. Тој беше пионер во комуникацијата и маркетингот на социјалните мрежи во Србија, каде што за многу кратко време доби големо влијание со неговиот уникатен дух и стил. Тој има напишано стотици колумни и текстови за бројни српски медиуми. Тој беше еден од иницијаторите и предавачите на Институтот за дигитални комуникации во Белград.

- Милева го започна својот живот (да не речам смрт) како интерна шега со моите пријатели на Фејсбук. Роден сум во едно духовито, но патријархално семејство склоно кон комунизам, и веќе 20 години сум ангажиран во археологијата, од коишто 10 поминав низ Египет, копајќи мртви луѓе во песокот. Претпоставувам дека духовитата, мртва партизанка, со цврсти морални принципи е всушност сосема логична „последица" на мојот досегашен живот - ја објасни Борис своевремено, причината за името Покојна Милева на Твитер.

Смртта многу ја погоди пејачката Тијана Дапчевиќ, која беше блиска пријателка со новинарот Триван.

- Е мој другаришка, па како бе така одненадеш. Па кој ќе ме засмејува сега до солзи, кој ќе ме зафркава дека сум дебела и дека никогаш нема да ослабам. Смрдо мој, срцето ми пукна, многу сум тажна, не е фер... воопшто не е фер.. нека те чуваат ангелите... те сакам- напиша Дапчевиќ на својот профил на Фејсбук и сподели нивна заедничка фотографија.