„Тоа е најдоброто нешто што ми се случило“: Мајка забременила десет недели по породувањето, животот ѝ се променил целосно

Добивај вести на Viber

Шаун Френсис на Тик ток ја сподели приказната за тоа како стана мајка на две деца за релативно кратко време. Оваа поранешна навивачка забременила само десет недели откако ја родила својата прва ќерка.

„Изгледа дека Бог имал други планови за нас“, се пошегува таа во виралното видео кое собра седум милиони прегледи.

Шаун тврди дека не доживеала никакви компликации, освен што имала малку пониски нивоа на витамин Д.

„Моето тело се опорави прилично добро и брзо“, истакна таа.

@shaunafrances I got pregnant at about 8-10 weeks PP and we didn't know what to expect. Thankful and blessed is all I can say! #fyp #irishtwins #raisingirishtwins Can't Help Falling In Love (Austin Butler and Tom Hanks star in @BazLuhrmann's @ElvisFilm. See #ElvisMovie only in theaters on June 24, and listen to Elvis Presley's 30 #1 Hits album, available now.) - Elvis Presley

Таа вели дека нејзините ќерки се како близначки.

„Тие се многу блиски и одлично се сложуваат. Не можат да дишат една без друга. Се расправаат, но кога не се заедно, многу си недостигаат", тврди оваа мајка.

Иако сигурно не е лесно со две деца, кои се родени со разлика од 11 месеци, Шауна вели дека никогаш не зажалила.

„Тоа е најдоброто нешто што ми се случило“, вели оваа мајка на девојчиња кои сега се ученички.

View this post on Instagram

A post shared by (@shaunafrances)


Лекарите ги советуваат жените да се воздржат од интимни односи најмалку шест недели по породувањето, односно до првиот гинеколошки преглед. Исто така, потребни се неколку месеци до една година телото целосно да закрепне за следната бременост, па експертите советуваат да не се брза.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs