Фудбалерот од Исланд ги шекна жените - преку ноќ доби илјадници следбеници: Тој е сензација на Светското првенство (ФОТО)

Рурик Ѓисласон стана вистинска атракција на социјалната мрежа Инстаграм

Станува збор за фудбалер кој не е толку познат во спортските кругови, но затоа Инстаграм брзо го „засака“. Рурик Ѓисласон стана вистинска атракција на оваа социјална мрежа каде за кратко време го заследиле над 800.000 луѓе.

Неговата популарност на оваа социјална мрежа му донесе учество на Светското првенство. Пред Светското првенство во Русија на оваа социјална мрежа имаше околу 30.000 фанови, а потоа по натпреварот Исланд - Аргентина на кој играше како резерва преку ноќ на оваа социјална платформа стигна до многу поголема бројка. А како одминува Светското првенство, се почесто зборува за фудбалерот од Исланд.



Кој е секси Рурик?

Рурик Ѓисласон, кој има 30 години, најголемиот дел од својата кариера го помина во тимови од различни скандинавски лиги. Последните неколку години игра во Германија, во втората лига, а моментално го носи дресот на „Зандхаузен“. Со оглед на неговите спортски достигнувања, не е чудно што тој цело време беше непознат за пошироката спортска јавност.

И со оглед на неговиот изглед, не е изненадување што тој прави бум на Инстаграм.



Ѕвездата на Инстаграм ги исполнува сите критериуми што еден маж треба да ги задоволи за да стекне армија обожаватели. Тој е убав, згоден, впечатлив и многу добро ги знае правилата на Инстаграм.

Неговите фотографии се доказ дека знае да избере слика која ќе го разбранува интернетот.



Спортистот е на Инстаграм и е многу интересен, брилијантно комуницира со своите следбеници, чиј број, разумно е да се очекува, значително ќе се зголеми до крајот на Светското првенство.



Иако не е лидер на теренот, тој е на самиот врв на Инстаграм бидејќи неговиот профил може да се најде во првите три профили на најдобрите светски фудбалери. Конкурент му се Нејмар и Кристијано Роналдо.