Животна училница // Приказни
Трагедија: По 6 абортуси, ја загубија и 2-годишната ќерка по вина на дадилката
- 26 Септември, 2019
Две годишното „чудо од дете“ почина, откако беше оставено во автомобил без воздух, по вина на неговата дадилка.
Дадилката Тами Брукс случајно го оставила девојчето во автомобилот, а тоа изгубило воздух и починало на лице место.
Малечката Зариа Хашем, е единственото дете на родителите Захари и Деми, кое го добиле по шест спонтани абортуси.
Дадилката е обвинета за дело од прв степен- напуштање и негрижа за дете кое довело до смрт.
Родителите се во неверување и во голема жалост.
- Не би му го посакала ова ни на најголемиот непријател. По шест абортуси, ја добив мојата ќерка. Се молев секој ден, нонстоп. Ве молам секогаш гледајте во автомобилите и ако забележите само дете, реагирајте- вели скршената мајка.