Трагична приказна: Откако изгуби три деца, му беше дијагностицирана сериозна болест

Откако изгубил три деца, Пит дознал дека има сериозно автоимуно заболување, лупус, што предизвикало откажување на неговите органи. Неговата сопруга Кели се обидува да собере пари за специјалист за лупус кој им е последна надеж

Пит Мичел, татко на четири деца, по загубата на третото дете дозна дека има силен автоимун лупус. Неговата сопруга сепак вели дека не се предаваат иако лекарите му соопштиle на Пит дека неговите органи почнуваат да oткажуваат поради болест, пренесува Daily Star.

Пред да му се дијагностицира болеста на Пит, тие изгубија три деца. Пит моментално се лекува во универзитетската болница „Ројал Стоук“, белите дробови му се оштетени, а бубрезите му откажуваат. 

Пит е во болница 18 месеци и не ги видел своите деца, двегодишниот Артур, деветгодишната Феј, 12-годишната Алфи и 15-годишниот Харви.

„Болеста постепено го уништува неговото тело и лекарите повеќе не знаат како да му помогнат“, рече сопругата на Пит, Кели.

„Откако изгубивме три деца во декември 2019 година, се роди Артур, а Пит не може да го гледа како расте, бидејќи поголемиот дел од својот живот го помина во болница“, вели Кели. 

Кели може да го посети својот сопруг само еднаш дневно, само еден час.

Нивната единствена надеж е да го испратат Пит на лекување кај специјалист за лупус и сега се обидуваат да соберат 15.000 фунти потребни за лекување.

Кели се надева дека ќе може да го пренесе во центарот за третман на лупус во Лондон.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Нема да можете да ги задржите солзите: Младоженецот почина неколку минути пред да ѝ вети вечна љубов на саканата