Траорна слика во Кочани: Во капелата нема место, телата ги редат во дворот, некои се непрепознатливи

Добивај вести на Viber

Плач и лелеци одекнуваат во Кочани. Родителите од повеќе места од Македонија пристигнаа да ги видат своите деца сместени во болницата. Други да дознаат информации кои ќе им влеат надеж дека чедата им се живи. Жителите на Кочани се во шок. Тие што ги контактиравме велат дека немаат сила да зборуваат, зашто во градот има 9000 куќи, сите се познаваат, поврзани се и чувствуваат како да изгубиле членови од фамилијата. Голема е болката.

-Не ми се верува. Во капелата и болницата нема место, телата ги редат во дворот. Некои се непрепознатливи – вели еден жител од градот.

Еден друг жител на градот кој веднаш пристигнал пред дискотеката не може да ја заборави сликата што ја видел.

- Беше во силен пламен. Дојдоа возила на Брза помош, пожарникарски и полициски. Ги изнесуваа телата на децата им го проверуваа пулсот ги товараа и во приватни возила. Болницата ечеше од тага и плач – вели нашиот соговорник за Женски магазин.

С.А.Н