Требаше да биде најсреќен ден: Бремена невеста починала по патот до црква

 Таа беше во шестиот месец од бременоста во тој момент, а лекарите ја породија со царски рез за да го спасат барем бебето. Во тоа време, мозокот на Џесика веќе бил мртов.

Тоа беше најубавиот ден во нејзиниот живот. Таа седеше во лимузина во венчаница и патуваше кон нејзината свадба. Плодот на нивната љубов растеше во нејзиниот стомакот, нејзиниот живот се чинеше дека не може да биде поубав. Сепак, во една секунда, огромната среќа се претвори во премногу тага.

Џесика Гуедес (30) од Сао Паоло, Бразил, чувствувала силна слабост и болка во вратот во возилото. Нејзината мајка мислеше дека тоа е поради преголема возбуда, но за жал не било тоа. Таа починала неколку минути пред да го каже судбоносното „Да“.

Нејзиниот вереник, пожарникар Флавио Гончалвез (31) ја чекаше на олтарот, но таа не се појави. Отпрвин, тој верувал дека доцни бидејќи е некако вообичаено невестата да доцни, но како што одминувало времето, во него се појавила некоја вознемиреност. Тој видел како еден од неговите роднини брза и повикува помош.

Тогаш сфати дека неговата љубов ја изгубила свеста во автомобилот. Во тој момент, таа беше во шестиот месец од бременоста. Била пренесена прво во државна породилна болница во Сао Паоло, а потоа е пренесена во приватна породилна болница, каде го отстраниле бебето со царски рез за да се обидат барем да го спасат. Во тоа време мозокот на Џесика веќе бил мртов, таа имала мозочен удар.

Малата Софија тежела само 930 грама и била долга 34 инчи. Тие ја сместиле во одделение за неонатална интензивна нега каде ќе помине најмалку два месеци.

Флавио се присетил на стравот и вознемиреноста што поминала низ него кога сфати дека Џесика нема да стигне до олтарот.

„Бев загрижен. Ја чекав на олтарот, но таа не доаѓаше. Одеднаш, нејзината братучетка дојде и ми рече да отидам надвор. Ја отворив вратата од автомобилот, а таа лежеше таму, но, за момент  ја поврати свеста и знаеше дека зборувам со неа. И реков, „душо, јас сум тука“. Тогаш ми рече да не се грижам, дека сè е во ред, но дека доживува силна болка во вратот. Во тој момент, јас станав спасител, она што го правам последните седум години“, рече тој, бришејќи ги солзите што му се  слеваат по образите.

Паузира малку и продолжи:

„Ја извадив од лимузината, и дадов прва помош и ги замолив моите пријатели пожарникари, кои дојдоа на свадбата, да ми помогнат. Според медицинскиот извештај, мојата Џесика доживеала мозочен удар поради прееклампсија и внатрешно крварење“, додаде тој.

Нејзиниот братучед вели дека немало индикации кои покажуваат дека нешто не е во ред.

„Џесика присуствуваше на часови за пренатална нега, немаше висок крвен притисок за време на бременоста и беше здрава, беше физички активна и се хранеше добро“, сподели тој.

Флавио вели дека била многу весела личност која го сакала животот.

„ Таа зрачеше со позитивна енергија и сила. Јас многу чекав да станам нејзин сопруг и татко на нашето дете. Морам да останам силен и покрај сè. Љубовта на мојот живот ме научи да ја почитувам и да ја третирам сопругата најдобро за да можам да се грижам за нашата ќерка“, споделува овој човек чие срце е скршено.