Три ќерки за две години: Антонио Милошоски чека четврто дете

Добивај вести на Viber

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски кон крајот на годината го очекува раѓањето на своето четврто дете, ќерка.
Дознаваме дека убавата вест веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги, и се радувал што за краток период повторно ќе добие уште една, трета ќерка. Веста за ,,Фокус“ ја потврдил и пратеникот.

Имено, Милошоски од првиот брак го има синот Давид, а со сопругата Симона, која по професија е архитект, и со која кон крајот на мај 2016 година направи свадба, во август истата година ја добија ќеркичката Дариа. Лани во октомври ја доби втората ќерка Михаела.