Три трикови со кои кујната ќе ви изгледа скапо: Нема да потрошите многу пари, а ќе биде како од списание
Уредувањето на кујната може да биде предизвик, бидејќи е тешко да се балансираат изгледот и функционалноста. Со 3 клучни трикови можете да постигнете луксузен изглед како од списание.
Уредувањето на кујната е многу важно, бидејќи оваа соба е омилен дел од куќата на многу луѓе, каде поминуваат многу време, особено ако е поврзана со трпезаријата или дневната соба. Бидејќи во неа се собира целото семејство, а често и гости, на многумина им е важно да изгледа убаво и модерно. Доколку сакате да изгледа поскапо, не мора да трошите многу пари, само користете ги следните трикови:
1. Уреди од ист сет
При изборот на уреди, обидете се да ги имате од истиот комплет или барем од исти бои. Доколку веќе сте набавиле уреди со различен изглед и дизајн, оставете ги на видно место оние што се вклопуваат, а останатите скријте ги внатре во кујнските елементи.
2. Внимателно избирајте чинии и прибор
Кога купувате чинии, направете похрабар избор, одлучете се за цветни чинии, нежни, пастелни бои или темна верзија. Често изгледа многу полуксузно и попривлечно од класичните, бели чинии. Усогласете ги аксесоарите со нив: секако, се водите од личните преференции, но размислете како би одговарал комплет во златна боја или во бакарна нијанса. Таквиот елемент може да внесе допир на луксуз во внатрешноста и да направи вашата кујна да изгледа помодерно и поскапо.
3. Внесете билки
Веројатно многу пати сте слушнале дека растенијата често ја менуваат целата атмосфера на собата. Секако, тоа важи и за кујната, изберете растенија кои ќе можете да ги чувате на кујнските полици или пулт. Би било добро да се фокусирате на лозици, красули и слични растенија кои не цветаат, бидејќи подобро поднесуваат чести промени на температурата и пареата при готвењето. Исто така, билките се погодни за кујната, бидејќи покрај тоа што ќе ви го украсат просторот, секогаш ќе ви овозможат свежи додатоци во вашите оброци.