Трогателен момент на „Еми“: Сите ракоплескаа за Кристина Еплгејт, таа се расплака и ѝ се заблагодари на публиката (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

На актерката Кристина Еплгејт и беше дијагностицирана мултиплекс склероза за време на снимањето на последната сезона на „Dead To Me“ во август 2021 година.

Американската актерка Кристина Еплгејт (52) беше на 75-тото доделување на Еми наградите за да ги додели наградите во категоријата за најдобра споредна женска улога. Бидејќи боледува од мултиплекс склероза, на бината се качила со бастун, а публиката ја поддржала со аплауз.

Поради поддршката од публиката, актерката се расплака и им се заблагодарила на сите.

- Ова тело не е создадено за употреба на Оземпик. Малкумина ме познаваат од моето деби во серијата 'Days of our life'... Чест ми беше да ги играм тие смешни и сложени ликови полни со маани - низ солзи изјави актерката.

Наградата и ја додели на актерката Ајо Едебир за нејзината изведба во серијата „Мечката“.

Поради болест се откажала од улогата во серијата

Инаку, на актерката во 2021 година и беше дијагностицирана мултиплекс склероза, па поради тоа беше принудена да се откаже од улогата во серијата „Dead to Me“ на Нетфликс. Оттогаш таа ретко се појавува во јавноста, а неодамна во ново интервју призна дека болеста се повеќе ја исцрпува.

- Имаш само мали, посрани денови. Луѓето велат: „Па, зошто не се тушираш повеќе?“ Па, затоа што влегувањето под туш е застрашувачко. Можеш да паднеш, можеш да се лизнеш... Особено што имам стаклен туш. За мене е страшно да влезам таму – признала таа, а пренесува Vanity Fair.

Болеста ја мачи и исцрпува

Еплгејт додаде дека се бори со наједноставните задачи, вклучувајќи одење по скали и носење работи.

- Сè уште можам да возам автомобил на кратки растојанија. Можам да му донесам храна на моето дете – објаснила таа.

Да потсетиме дека Кристина, која беше номинирана за наградата SAG за извонредна изведба на актерка во хумористична серија, подоцна призна дека тоа е веројатно нејзината последна награда.