Убавата водителка ги шокираше сите: Имам тумор на мозокот
Ирене Жанкера е добро позната на љубителите на спортот во Шпанија. Оваа 33
- годишна спортска новинарка и водителка работеше на многу проекти, порано
соработуваше и во популарната емисија „Punto
Pelota“, соработуваше со
спортскиот дневник Mundo Deportivo, сњнња помеѓу останатото работи и на емисијата
Gol.
Сега откри нешто пренесоа бројни шпански медиуми.
„Имам тумур на мозокот и до крајот на животот ќе мора да бидам по лекарски надзор. Туморот е бенигден и не расте. Секоја година морам да одам на магнетна резонанца“ - рече Ирене.
Таа додава дека е клаустрофобична поради што и е тешко да оди на магнетна резонанца. Го почувствувала тоа и додека учествувала во шпанскиот ВИП Big Brother и била затворена во куќа.
„Три или четири пати земав антидепресиви. Дојде и психијатар кој ми рече да го пијам доколку имам чувство дека се давам“ - рече новинарката и додаде дека и било тешко, бидејќи била затворена во куќата и не можела да ги гледа спортските случувања.
Вели и дека на 10 години имала операција по која била „врзана“ за кревет цели три месеци,
„Оздравувавањето траеше две години и дури потоа можев нормално да одам“ - рече Ирене која е голем обожавател на Реал Мадрид.