Упатство за секоја жена: Мала торбичка, голема слобода

Доколку сакате да се спасите од проблеми во животот, наједноставниот начин е да го промените својот стил на облекување 

Отсекогаш по светот шетав со големи торби и во здолништа со растеглив струк кои паѓаа преку колената. Изгледав како интелектуалка со нежно срце која се обидува да го спаси светот, а би било подобро да се убие или да ја промени фризурата. Воглавно, моето лице оддаваше личност која не знае да одбие колега од работа кога овој ќе ја замоли да му биде јамка за станбен кредит во следните сто и пет години. На состаноците одделенскиот наставник низ основно и средно образование мои драги дечиња задолжително сум избирана во советот на „Домот и школата“ бидејќи некој како мене со „king size“ торба и во плитки чевли во кои рамнотежата секогаш е загарантирана, заслужува казна за состаноци, за тоа што треба да се промени во составот на образование наместо да пие коктели на брегот на морето. 

Со тек на време воочив дека торбата незабележително ми расте, расте и расте: во неа упаѓаа книги за лектира кои требаше да се позајмат или вратат, ракописи кои не ги прочитав на работа, разни алатки, „направи сам“ литература, прибор за прва помош, чадори на расклопување и вести во кои и најзгодната манекенка изгледа како фрустрирана домаќинка од провинција. Прво ја замразив торбата, а потоа себе и својата глупост. Што се однесува до здолништето тоа поради кројот и гумичките во струкот можеше да се растегнува колку сакам на исток и на запад, север и југ. Секако, телото ја искористи можноста да се шири во сите насоки, па се ширеше. 

Кога душата исто така беше во благосостојба почнав да готвам јадења за драги и недраги, пријатели и минувачи, семејство и племе, за родендени, венчавки и пригоди во рамките на локалната заедница. Целата моја личност ја уфрлив во домати и колбаси, сосови, скари, кнедли и салати, риба на скара и пудинзи, палачинки и колачи, торти, и сладоледи. Нозете од силната работа ми отежнуваат, а стапалата растеа, чевлите ми стануваа се порамни, на крај ги купував оние во облик на форма на пердув, за да можам да пливам во радост со мојот живот. 

Во меѓувреме станав кума на три девојчиња, вечна кума на родената сестра која се омажи за скиталец, жирант за краткорочен кредит за кола на пријател од детството, а ја позајмив и својата заштеда на еден тип кој банкротираше па „каматарите“ му го сменија описот така да се сожалив над неговата зла судбина и престанав да плаќам сопствени рати за струја и централно греење, и ми се заканија со одземање на недвижнините и имотот. Еден ден разгледувајќи на распродажба повторно поголема торба со безброј џебови во кои се може да се собере, ме допирна, подобро кажано ме удри Божјата рака, а потоа Севишниот ме опомена: Доколку уште еднаш купиш торба поголема од десет сантиметри квадратни во план, ќе те изгорам во лонец! Трас! Пљас! Во стотинка од секундата доживеав просветлување. Бог е Бог, а наредба е наредба. 

Животот, всушност е едноставен. Трубите трубат, морето се отвори. Како вистинска послушница со гадење го вратив пространиот артикл на свое место и одлучив сосема да го променам стилот на живот. Дојдов дома лута како гуска и ги исфрлив од станот сета облека во која комотно се чувствував, широки фустани, разноразни тренерки и хеланки, потоа педесетлитарски лонци, бројни чинии и здели за салата, а десертот во наплив на енергија за три часа го претворив во собичка за излежување. Сето тоа го направив пред да ми се вратат најдрагите дома: уште стигнав да набавам седум најмали торбички на светот, купив три пара чевли со високи, џиновски потпетици и два светлосини костими со премал број во кои едвај можев да дишам. Знаев дека новата преобразба од мене ќе ги избрка паразитите, вампирите, битангите и бедниците. Додека движев во штиклите по улицата внимавајќи да не се струполам на асфалтот или да не заглавам во трамвајска шина, конечно бев сконцентрирана само на себе, а не на иднината и егзистенцијалните прашања од економски карактер. 

Одеднаш размислував единствено за тоа како да дишам а краевите на костимот да не ми се расцепкаат, како да се премине улицата додека трае зеленото светло, а моите нозе се тресеа од недостиг на сигурност и подготвеност. Во рака имав само минијатурна торбичка со која мафтав лево десно, одржувајќи рамнотежа, а во торбичката најмалиот паричник на светот, кредитна и лична карта, и кармин. Ги исфрлив фотографиите на децата, мажот и кучето, четири лисната детелина, пластичното прасе и членски изјави на секакви здруженија, и иако всушност, ми изгледаше дека летам. Со мала торбичка, имено, и проблемите се намалуваат, а луѓето почнуваат повеќе да ве почитуваат. Кога децата ме видеа онака испреплетена, неспособна за работа, веднаш почнаа со подготвување на собите, чистење, фрлање ѓубре и никогаш повеќе не ме запрашаа да им позајмувам лектирни наслови во библиотека. Мажот почна да ме води на ручеци, бидејќи асортиманот на приборот за јадење и облици непрестајно и упорно се намалуваше. И во куќата почнав да престојувам во елегантни, струкирани фустани, а на нозете навлекувам розеви налани чија пета се помалку растеше. Знаете на газела не може да и се стават самари а на магаре можат. Ако развиете слабост, сите проблеми ќе почне да ги решава некој друг. 

Воглавно, престанав да изгледам како Анка Партизанка која гради автопатишта и трасира железнички пруги и се претворив во Трнорушка. Каков одмор! Каква бајка! Уште и ги зацементирав уметничките нокти на прстите, доволно долги да изгледаат секси и ни повеќе ни помалку од тоа. Кога ги намачкав со црвен лак, сите сфатија дека се откажувам од приземни работи и приземноста во широка смисла и на состаноците на уредништвото на библиотеката „Раздор“ почнаа да ме гледаат со сожалување. Челадот околку мене, вклучувајќи го и мажот мислат дека имам богат љубовник. Ги пуштам да мислат што сакаат и лудо се забавувам. Научив да одам во штикли без извртување на глуждовите, кршење на коските и ми изгледа дека се пронајдов себеси. Хм, да ми потврдува драгиот Бог. 

Отсекогаш ти говорев дека животот е е-дно-ста-вен. Тоа го знаат Форест Гамп, малиот Ивица, Мујо и Хасо, добриот волк, Барби и уште по некој. Ма, требаше да си купиш најмала торбичка уште во почетокот. Но никогаш не е доцна, и запамти, дете мое: Секогаш можеш да бидеш уште послободна и уште посреќна.