Утрински ритуали за прекрасен ден: Туширањето со ладна вода го стимулира метаболизмот на телото и ја подобрува циркулацијата...

Добивај вести на Viber

Понекогаш ви се чини дека навистина живеете забрзано. Најчесто вие самите си создавате стрес обидувајќи се да постигнете се - работа, дом, семејство, активности, набавки, родители...

Но, дали навистина треба да функционирате така? Дали светот би застанал ако забавите некое време? Секако дека не. Затоа посветете си време на себе правејќи мали нешта кои ви причинуваат задоволство, и така започнете го секој ден.

За почеток, најдобро би било добро да се испотите наутро, но доколку кардио вежбите ви се премногу тешки, доволно е да добро да се истегнете. Ќе имате корист и од пешачење или возење велосипед до работа, но важно е да се движите.

Ладниот туш има бројни здравствени придобивки. Луѓето кои секојдневно се тушираат со ладна вода имаат посилен имунитет, нивната кожа и коса изгледаат поздрави и посјајни, а студената вода придонесува за детоксикација. Туширањето со ладна вода го стимулира метаболизмот и ја подобрува циркулацијата – што е пресудно во борбата против целулитот.

Не заборавајте да внесувате многу вода. Дехидрацијата на телото го забрзува формирањето на целулитот, поради што треба да внимавате да внесувате доволно течности.

Отворете го прозорецот и вдишете длабоко, посакајте му на сонцето добар ден, испружете се во сè уште топлите пижами и испланирајте го денот во мир. Утринската медитација, или доброто истегнување, пред се е многу здрав почеток на друг ден.

Една од омилените активности на оние кои сакаат да стануваат малку порано е утринското џогирање. Не размислувајте за проблемите, само опуштете се. Потоа убав туш и подготвени сте да го започнете денот..

Сепак, најпопуларниот ритуал на овие простори е утринското кафе. Од чекање да зоврие водата на шпоретот до неодоливата миризба што се шири од кујната и конечното будење по првата голтка. Во тој момент нема ништо друго на светот освен тебе и топлата чаша во твоите раце. Ова време искористете го да не размислувате за ништо што ве чека во текот на денот, дишете длабоко, целосно опуштете се и уживајте во мигот.

Имено, ритуалите со кои го започнувате денот не мора да бидат големи и долготрајни. Не мора ни да значат нешто посебно, доволно е после нив да се чувствувте подготвено за престојните обврски. Одење во блиската пекара по свеж леб, подготвување здрав појадок или смути, шетање на кучето, прелистување на весникот или читањето на омилениот портал за да ги дознаете најновите вести или временска прогноза се исто така задоволства.

Минимум осум часа сон ќе влијае на нашето расположение и ќе биде добар сојузник во постигнување на весело расположение. Недостатокот на сон го зголемува стресот и нервозата. Ако си легнете на време, полесно ќе станете наутро. Дехидрацијата е поврзана со замор, како и со симптоми на лошо расположение, вклучувајќи раздразливост и збунетост.

Затоа, за убав ден секој ден, размислете кои ќе бидат вашите утрински ритуали, и почнете уште веднаш. 


Фото: Freepik