Ужасна трагедија: Актерот и двете ќерки загинаа во авионска несреќа
Слично како смртта на кошаркарот Коби Брајант и неговата ќерка, само што сега згаснаа повеќе животи.
Американско-германскиот актер Кристијан Оливер (51), познат во светот на филмот и по улогата во новиот „Индијана Џонс“, загина во авионската несреќа заедно со двете ќерки Мадита (10) и Аника (12) , објави британски „Експрес“.
Малиот авион се урна во четвртокот во близина на островот Бекија, кој е дел од Свети Винсент и Гренадини.
Застрашувачкиот момент е фатен на камера и споделен на социјалните мрежи, додава британскиот портал, пренесува Танјуг.
Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот.
Пронајдени се телата на четири лица.
Меѓу другото, Оливер беше познат по неговите улоги во филмовите „Speed Tracer“ и „Valkyrie“, но и серијата „Аларм за Кобра 11“, која во минатото се емитуваше и во Македонија.