Вечерата во Хроно- режимот на исхрана
Д-р Ален Делабос е доктор по медицина, хроно нутриционист, директор на Одделот за клинички истражувања IREN'S, на Европскиот институт за исхрана и здравствени истражувања, и врвен експерт кој го разви Хроно - методот на исхрана. Оваа диета била измислена уште во 1986-та година, а неодамна стана многу популарна.
Деновиве дознавме каков треба да биде појадокот, а каков ручекот во Хроно-режимот на исхрана. Денеска на ред е вечерата.
Вечерата во ХРОНО
Јадете вечера како сиромав - тоа е, бидете сигурни дека вашата вечера е лесна за организмот. Пожелно е да имате вечера најмалку 2 часа пред спиење, со цел да се остави време за вашето тело да ја свари храната. Вечерата вклучува лесен внес на протеини и зелен или бел зеленчук. Може да ја прескокнете вечера, таа не е задолжително.
За вечера треба да јадете риба, лесно месо (пр. пилешки гради) или зелен зеленчук. Во вечерните часови, не јадете тестенини, скроб, шеќер и маснотии. Исто така, избегнувајте јаглехидрати за вечера.
Според оваа диета, целта е да се надмине секрецијата на инсулин за време на вечерата.
Кај Хроно исхраната, ниедна храна не е исклучена, но со оваа диета сакате да ја намалите телесната тежина, тогаш има одредени видови на храна што привремено не смее да ги конзумирате, што е и логично. Она што е важно е јадење на вистинскиот вид на храна - протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали во вистински момент.
Веќе утре продолжуваме со нови совери за Хроно исхраната. Следете не и споделете го Вашето искуство.