Вештерката од Волстрит: Беше една од најбогатите жени, а ова се нејзините совети за успех (ФОТО / ВИДЕО)

Хати Грин беше една од дваесетте најбогати луѓе во светот на почетокот на 20 век, а запаметена беше како една од најголемите скржавки.

Хариер „Хети“ Робинсон е родена во Масачусетс во 1834 година во богато семејство кое собираше богатство преку големата флота што ја имаше. Нејзиниот единствен брат почина млад, оставајќи ја како единствениот наследник на богатството што го подготвил нејзиниот татко.

„Од шестгодишна возраст, ме научија како да се грижам за мојот имот“, рече таа.

Нејзиниот дедо ја научи како да чита финансиски весници и извештаи, а тој исто така сакаше да разговара со неа за финансиски проблеми. Бидејќи тие сакале таа да не зависи од никого, тоа ја натерало да направи многу невообичаено барање до нејзиниот сопруг, милионерот Едвард Хенри Грин, да се откаже од нејзиното богатство, што би му припаѓало според законите од времето. Ова се покажа како корисно, затоа што Едвард банкротираше во 1885 година и тие се разведоа кога таа одби да ги покрие неговите трошоци.

Како таа направи богатство

Со години, го зголеми своето богатство со шпекулирање и инвестирање во хипотеки, недвижнини и железнички пруги. Членовите на нејзиното семејство исто така ѝ оставиле пари, а во 1905 година била наведена како една од најбогатите во светот, со повеќе пари од британскиот крал.

Како и многу богати луѓе, таа го привлече вниманието на медиумите, особено затоа што беше жена во машката индустрија. Весниците ја нарекоа „Вештерката од Волт Стрит“ кога таа по смртта на незиниот сопруг почна да носи облека во црна боја. Никогаш не била видена повторно без црн превез.

Имаше гласини за неа дека таа е таква „циција“ што одбила да плати за здравствена заштита на своите деца, што го остави нејзиниот син Едвард без нога. Таа, наводно, не користела ниту топла вода. Исто така се шпекулираше дека таа ја менувала облката дури откако ќе се распаднала и искинела, и јадела месо само кога се загревало на радијаторот нод нејзината соба.

Тестамент

Иако повеќето приказни никогаш не биле потврдени, се знае дека била бескрупулозна. Грин ги однесе некои членови на семејството на суд затоа што тврдеше дека таа е единствената што ги наследила парите на својата тетка, иако во тестаментот се наведува дека богатството треба да се распредели.

Судската постапка „Робинсон против Мендел“ стана позната поради употребата на форензичката математика за докази. Математичарот успеа да докаже дека Грин го фалсификуваше потписот, поради што таа мораше да избега од Лондон.

Почина во 1916 година, оставајќи зад себе вредности од 100 милиони долари што беа поделени меѓу нејзините две деца, кои уживаа во пари многу повеќе од неа. За оние што сакаа да ги следат по нејзините чекори, таа имаше многу едноставен совет.

- Нема голема тајна за создавање богатство. Сè што треба да сторите е да купите ефтино и да го продадете поскапо, да се однесувате штедливо и паметно, а потоа да бидете упорни - рече таа.

Извор: CNN

Можеби ќе ве интересира и Со својата убавина привлекувала само неволји: Животната приказна на најфаталната Италијанка и денес интригира