Весна Петрушевска - Бејбе откри: "Имам нов дечко!"

Добивај вести на Viber

Актерката Весна Петрушевска - Бејбе во интервју за естрадниот магазин "Бекстејџ" откри дека има нов дечко и е посреќна и позаљубена од било кога. Иако е релативно краток временски период во врска, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.

"Еве ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат", рече актерката која изминатиов период се соочи со голем број на проблеми.

Имено, нејзината ќерка Мина беше нападната од педофил, претходно изгоре семејната куќа на родителите, а пред извесен период потона и нејзиниот автомобил во водите на Вардар.

"Секој човек има проблеми, па така и јас. Сепак успеав да надминам се, патев и од депресија и анксиозност, но го надминав и тоа", додаде Весна.