Животна училница // Приказни
ВЕВЧАНИ ЗАВИЕНО ВО ЦРНО: Откажан забавниот дел од карневалот
- 13 Јануари, 2024
Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовески.
-Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.
Повеќе за информацијата на Фактор.