(ФОТО) Вежба два пати во денот на 60 години: Ана Бекута ослабе 15 килограми

Фолк-пејачката Ана Бекута која следниот месец ќе наполни 60 години, донесе одлука драстично да ги смени животните навики. Таа ослабе околу 15 килограми последнава година, а за српски „Курир“ ја откри тајната на добриот изглед.

Фото: Блиц.рс

„Правам кардио тренинзи два пати во денот заедно со својот сопруг, кога имам време. Еден навечер и еден наутро. Допрва планирам сериозно да ослабам. Утринскиот тренинг е поефикасен затоа што тогаш директно се топат мастите и нема шеќери во организмот. Напорна ми е работата, станувам во 7 и затоа понекогаш не можам да стасам на утринскиот тренинг. Полека одам накај својата цел и се враќам на старите килограми. Користам здрави намирници кои не му штетат на организмот. Ми се смени и квалитетот на кожата“, открива Бекута. Таа додава дека на домашните им се допаѓа нејзиниот режим на исхрана. 

Бекута пред да започне со режимот на исхрана