(ВИДЕО) Брачен пар наместо свадбени подароци побара училишен прибор за сиромашни деца

Добивај вести на Viber

Млада брачна двојка од Флорида побара од гостите кои ќе дојдат на нивната венчавка наместо подароци да купат училишен прибор за децата од сиромашни семејства во нивното окружување.

Како што пренесува Fox news, Мет и Кели Камерон од Тампa заедно донеле одлука за својот хуманитарен гест.

„Знаевме дека на нас не ни се потребни многу работи кои луѓето би ни ги купиле. Се што ни треба можеме и самите да си дозволиме. Почнавме да размислуваме за алтернативни опции и најмногу ни се допадна идејата за купување на училишен прибор за деца кои се во тешка материјална ситуација“, рече Кели.

Целата приказна со видеото ја имате на Hashtag.mk