(ВИДЕО) ЧУДО ОД ДЕТЕ: На 8 години тргнува на факултет-сака да стане хирург или астронаут

Добивај вести на Viber

Малиот Лорен кој има само 8 години, благодарение на својот коефициент на интелигенција, тргнува на факултет!

Откако 6 годишниот материјал за средно училиште го поминал за само година и пол, Лорен Симонс, чиј татко е Белгиец а мајка Холанѓанка, добил диплома - онаа која ја добиваат 18-годишници.

Како што рекле неговите родители, Лорен има коефициент на интелигенција 145. Овој мал генијалец за локално радио изјавил дека најдобро му оди математика, кој му е омилен предмет „затоа што е толку обемна, има статистика и геометрија и сметање“.

По распустот од два месеци, Лорен тргнува на факултет.

Неговиот татко вели дека момчето како мало тешко си играло со врсници бидејќи практично не било заинтересирано за играчки.

Желбата на детето била да стане хирург или астронаут, но засега се позаинтересиран е за компјутери.

„Ако утре одлучи да стане столар, тоа за нас нема да биде проблем се додека тој е среќен“, рекол неговиот татко.