(ВИДЕО) Дивна Карлеуша има снимено песна со Боки 13

Добивај вести на Viber

Познатата радио водителка и новинарка од Белград Дивна Карлеуша, која почина во март годинава по долгата борба со ракот, има снимено песна со Боки 13. 

Српскиот весник „Ало“, потсети на неколку реални шоуа во кои учествувала Дивна. Едно од нив е „Големиот брат“, во кое во 2010 година беше и Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој во моментов е во притвор во Скопје. Заедно со Боки и со фолк-пејачката Лепа Лукиќ, таа ја сними песната и спотот „Децата на ноќта“. 

„Ало“ објави и дека Пејачката Јелена Карлеуша нема да добие наследство од својата мајка Дивна. 

Куќата во која живееше таа ќе ја наследат нејзините внуки, ќерките на Јелена и на фудбалерот Душко Тошиќ, Ника и Атина. 

Фото: Рајко Ристиќ- „Ало“, „Хелоу магазин“