(ВИДЕО) Ким во проблеми на одмор: Очи во очи со едно „опасно“ животно

Колку и да е љубител на животните, изгледа дека на Ким не и беше сеедно.

На својот Твитер профил сподели видео од годишниот одмор на Бахамите, нејзиното бегање од овие „опасни“ животни ги насмеа сите пријатели.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан сака да споделува со своите пријатели видео од авантурите од бројните патувања на кои оди со своето семејство, а не можеше да одолее ни овој пат кога одлетаа на Бахамите. Уживаа во преубавите плажи, морето, сончето - и во една тамошна сензација, свињите. Една од плажите „Pig Beach“ на Бахамите е позната по тоа што по неа се шетаат и во морето се разладуваат свињи. Морала да ја посети и Ким, а кога се нашла очи во очи со нив, не и било баш сеедно.

Во видеото кое таа го објави се гледа дека е преплашена и се слуша како им зборува на свињите на да не и се приближуваат. Мора да признаеме дека тие не се баш мали животни, а не е невозможно сценарио и доколку една од нив одлучи да ја гризне.