(ВИДЕО) Принова во познатото турско семејство: Второ дете на Онур и Шехерезад
Онур и Шехеразад го очекуваат второто дете. Оваа вест како бомба одекна во турските медиуми. Веќе неколку месеци се шушка за втората бременост на убавата актерка, а потврдата пристигна на прославата на 50-от роденден на нивната блиска пријателка Ајше Берим. Додека ја напуштала забавата, 36-годишната Бергузар неуспешно пробала со торба да го сокрие трудничкото стомаче од фоторепортерите.
Иако оваа среќна вест настојуваа да ја задржат далеку од очите на јавноста, нивната среќна тајна е откриена. Но, парот и понатаму не сака да ја коментира бременоста, туку само се заблагодарија на прекрасната забава.
„Долго не сме се забавувале. Ова беше прекрасна забава. Ја сакаме Ајше, соработуваме од 2006 година и сега сме како семејство“, им изјавија на новинарите.
Во јавноста не се појавуваат често заедно, со својот осумгодишен син Али уживаат во приватноста и времето најчесто го поминуваат дома. Во 2018 година заедно отворија мало кафуле и се насочија кон семејниот живот. Актерката во неколку наврати најави дека би сакача да има уште деца, а особено би сакала да стане мајка на девојче. Изгледа дека желбата за проширување на семејство ѝ се остварила, но полот на детето се' уште парот го чува во кругот на семејството.