(ВИДЕО) Принцот Вилијам на прошетка со евровизиската победничка

Добивај вести на Viber

Тие зборуваа за менталното здравје и разновидноста

Овогодинешната победничка на Евровизија, необичната израелка Нета Барзилаи (25), се пофали на Инстаграм дека го запозна Војводата од Кембриџ, кој лично ја покани да се придружи во неговата посета на Блискиот Исток.

„Тој е закон тип!" - изјави Нета.

Принцот Вилијам (36), а во моментов и најголемата ѕвезда во Израел, беше во посета на Тел Авив и зборуваше за менталното здравје и разновидноста. Нета победи на Евровизија со силната песна „Toy“, која ги поттикнува луѓето да ја слават различноста.

„Разговаравме за тоа како ги сменив мислењата на луѓето овде во Израел, за самодовербата ... Колку позитивен и добар пример навистина прави разлика. Беше прекрасно. Тој е навистина закон човек ", изјави израелската пејача за Би-Би-Си.

Таа дури го поттикнала да се пријави за Евросонг, подарувајќи му една од нејзините претпознатливи музички панделки.