(ВИДЕО) Во центарот на Скопје: Глутница кучиња скитници лаат по автомобили
Речиси секојдневно во билтенот на Министерството за внатрешни работи има пријави од граѓани кои биле каснати од улични кучиња.
Граѓаните, велат дека и навечер не можат да спијат од лаењето на кучињата, но и се плашат да се прошетат на кеј, и во парк од големиот број на животните кучиња кои живеат на улица. Сведоштвата посочуваат дека голем број на граѓани чекаат во клиниките да ја примаат терапијата за превенција од болести кои би можеле да ги пренесат кучињата скитници, бидејќи биле каснати од куче. А во видото кое го доби Фактор, испратено од редовен наш читател може да се види дека кучињата лаат по автомобили, но исто така и скокаат кон нив.
Иако се повеќе жители на градот Скопје пријавуваат дека биле каснати, од градската управа за Фактор не открија колку судски постапки се покренати и колку пари од градскиот буџет ги чини ова обесштетување. Инаку каснатите граѓани веднаш по пријавата ги добиваат и потребните вакцини и инјекции кои ФЗОМ го чинат и по неколку десетици илјади денари, но тоа граѓаните не го плаќаат.
За кучињата скитници и колку оштета платил град Скопје досега можете да прочитате овде.
Видео: Фактор