(ВИДЕО ВО ЖИВО) СРЕЌЕН КРАЈ : Спасени сите момчиња од пештерата во Тајланд

Добивај вести на Viber

Тајландската телевизија пренесе дека последното, единаесетто момче кое е извлечено од пештерата е 11 годишниот Чанин Вибунрунгруенг. 

Тој е најмалото и најмладо момче кое беше заробено во пештерата од 23 јуни. Момчето со фудбал се занимава веќе пет години а неговиот прекар е Титан.


Утринава почна последната фаза од тридневната акција за спасување на момчињата и нивниот тренер кои во пештерата беа заглавени две недели.

Во текот на претходните два дена, од пештерата се извлечени осум момчиња, кои моментално се наоѓаат во болница и според зборовите на локални претставници, добро се чувствуваат.

Сепак,  сеуште не смееат да ги гушнат своите родители , се додека докторите не потврдат дека немаат инфекција.