Влатко Огненовски: Драг Жабар, ќе ја продолжиме традицијата што ја создаде!
Познатиот готвач Влатко Огненовски со емотивна порака на социјалните мрежи се прости со неговиот пријател, еден од најпознатите скопски угостители Илија Саздов-Жабарот кој почина вчера.
- Голем човеку! Многу те сакав. Се дружевме долги години и одамна имавме планови како да ги реставрираме нашите волги. Имавме планови да ја продолжиме традицијата. Почнавме да го реновираме кафанчето. Ти беше човек кој ги здружуваше луѓето. Цела СФРЈ ја собра таму. Нема кој не те познаваше. Нема кој не бил кај Жабар.
Материјалното не те интересираше. Остави зад себе многу повеќе. Остави зад себе многу пријателства, остави еден белег на својот град кој ќе остане засекогаш во историјата на Скопје. Беше човек пред сѐ. Затоа пријателе ќе направиме сѐ за да го задржиме ова кафанче без кое Скопје не може. Ќе ја продолжиме традицијата која ти ја создаде. Тоа кафанче е твојата душа.
Знам дека ќе бидеш на добро место таму негде.. Но, тешко ми е, веќе ми недостасува по едно чоканче со тебе. Драг Жабар, почивај во мир! - напиша Огненовски.