Здравје // Совети
Внимание: Еве како стресот ни го загрозува здравјето
За стресот велат дека е тивок убиец и дека против него е тешко да се бориме.
Но, ако луѓето ги знаат последиците од стресот, како што е паѓање на косата или намалена сексуална желба, поефикасно ќе се борат против него.
1.Осип
Ако ви се случува одеднаш некаде на телото да ви се појави осип, а инаку немате алергии, многу веројатно е дека тоа е последица на таложење на стрес.
Решение: На делот од телото на кој се појавил осип треба да ставите влажна крпа. Ако набрзо чешањето и црвенилото не се намалат потребно е да се земе антихистамин.
2. Осцилации во тежината
-Стресот предизвикува отпуштање на кортизол кој и пречи на способноста на телото да го обработува шеќерот во крвта и го менува начинот на кој во телото се метаболизираат мастите, протеините, и јаглехидратите, што може да доведе до зголемување или загуби на тежината-објаснува докторката Шана Левин. Стресот може да биде и причина на прејадување или избегнување на храна.
Решение: Гицкајте ореви
3. Константни главоболки
Ако инаку немате проблеми со главоболки и одеднаш сфатите дека во последните неколку денови или недели константно ве боли главата, тоа е една од последиците на прекумерен стрес. Стресот ги ослободува хемикалиите кои можат да предизвикаат промени во нервите и крвни жили во мозокот, што доведува до главоболки.
Решение: Кога почувствувате дека почнува главоболка, напијте се ибупрофен, а ако не сте склони кон таблет, обезбедете си масло од лаванда или пеперминт и со нив полека масирајте ги слепоочниците.
4. Чудно чувство во желудникот
-Можете да го забавите празнењето на храна од желудникот, што предизвикува гасови и надуеност, и тоа може да го зголеми грчењето на цревата што предизвикува болка и повраќање-рекла докторката Дебора Родес, за Reader's Digest.
Решение: Во аптека купете лек за намалување на желудочна киселина, или пробајте наутро да пиете чај од ѓумбир.
5. Чести настинки
Стресот има лошо влијание на човечкиот имунитет и човекот може лесно да се разболи, а тешко се бори со воспаленија и инфекции.
Решение: Медитација, редовни вежби и пообилно спиење исто така може да ви помогне да се опуштите и да го зајакнете имунитетот.
6. Акни
Мислевте дека акните се далечни тинејџерски кошмар, но ако вашето лице изненадно доби акни, тоа е веројатно причина за избивање на стресот. Кога сте под стрес, вашето тело лачи повеќе хормони, како кортизол. Тогаш жлездите произведуваат повеќе маснотии, а вишокот останува заробен во фоликулите заедно со нечистотиите и мртвите клетки на кожата па се појавуваат акни.
Решение: Кај акните помагаат креми кои содржат бензоил пероксид или салцилна киселина, но само ако редовно ги употребувате. Од природни лекови помага миење на лице со зелен чај или мачкање со алое вера гел.
7. Хаос во глава
-Стресот има големо влиание и на менталното здравје на човекот. Зголемување на хормонот кортизол во телото и пречи на концентрацијата, предизвикува проблеми со помтењето, а причина е анксиозност и депресија, рекла др. Левин.
Решение: Одмор, спиење, и забавен животен ритам додека не се чувствувате како повторно ви се наполниле батериите. Обидете се со вежба во која ќе ги затворите очите и ќе се концентрирате на бавно и длабоко дишење.
8.Паѓање на косата
Стресот може да биде причина за паѓање на косата. Инаку е нормално секој ден човек да губи дел од влакната на косата кои со време се обновуваат, но кога тоа се случува под стрес многу поголем е бројот на фоликули кои влегуваат во фаза на мирување што предизвикува зголемено паѓање на косата.
Решение: Треба да најдете техника на опуштање и да го сведете стресот на минимум. Кога телото ќе почне да се опушта, косата повторно ќе почне нормално да расте.
9. Се будите исцрпени
Ако ви е тешко наутро да станете од кревет, а ја преспавте цела ноќ веројатно сте клинички исцрпени.
-Стресот енергетски исцрпува бидејќи тајно влијае на забрзана работа на сите телесни состави (имунитет, нервен систем и сл.) . Вашето тело таа состојба ја сфаќа како посебно исцрпувачка работа и дури целоноќен одмор не е доволен за да телото енергетски се обнови.
Решение: Забавете. Сите обврски не мора веднаш да се завршат-одложете ги и дозволете си физички и психички одмор.
10. Немате желба за интимнoст Кога сте под стрес и имате милион работи на ум, мислата за секс е како последна дупка на свиралото-практично не постои. Кога се појави шанса за сексуален однос иако тоа го сакате, многу е веројатно дека лошо физички ќе се чувствувате или нема да имате волја.
Решение: Почнете да се занимавате физички со нешто, теретана, јога или велосипедизам, било што. Зголемена физичка активност ќе го врати балансот на вашето тело.