Внук ми прооде, а јас не сум го видела цел месец: Турунџиева изолирана од семејството

Добивај вести на Viber

Сузана Турунџиева вели дека таа и нејзиното семејство до сега поминале многу „корони“. Пејачката, водителка и писателка која сега предава музичко во основно училиште, во овие мигови е најтажна што својот внук Јаков, ќерката Лора и зетот Филип не ги видела повеќе од еден месец иако живеат во ист град.

„Последен пат се видовме и гушнавме на роденденот на Јаков, на 7ми март. Не ни претпоставувавме дека сѐ вака брзо и неизвесно ќе се одвива и дека пандемијата ќе ни го испреврти наопаку животот, ќе нѐ затвори сите дома и ќе ни наметне забрани и ограничувања да се чувствуваме далечни, како меѓу нас да се испречила цела Австралија“,ни изјави Турунџиева.

„Единствено мислата дека се добри, дека се безбедни и дека не им недостига ништо ми дава мир во овие нималку спокојни денови во кои имам чувство дека застана животот. Иако јас и моето семејство поминавме низ многу "корони" во минатото и преживеавме, сега сфаќам колку сме немоќни да смениме било што. Колку се долги ноќите и деновите без тие што ги сакаш, особено без  нашиот светилник Јаков. Тој во меѓувреме прооде и прави толку многу нови нешта. А ние не можеме да му се изнарадуваме. Но, за среќа преку многуте апликации на паметните телефони се гледаме и се гушкаме од далечина. И се молиме едни за други“, додаде Сузана.

За својата помала ќерка Матеа, таа вели оти има чувство дека за овој месец многу  брзо пораснала. „И физички, а особено психички, бидејќи многу одговорно ја живее оваа ситуација од која и ние возрасните сме исплашени“, вели Сеузана за ќерката.

 „ Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно. На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“,  изјави за Женски магазин минатата година Турунџиева, кога ѝ се роди внукот.

„Лора реши да ги издржи сите болки и ниту еднаш не се пожали. Ќе станам мајка и готово, морам да издржам- велеше таа и ѝ се восхитував на храброста и на решителноста која ни јас ја немам понекогаш. По сѐ што ни се случи, доаѓа нов, убав период за сите нас“, ни изјави Турунџиева која пред повеќе од пет години го загуби сопругот Марјан, таткото на нејзината десетгодишна ќерка Матеа.

М.Џаровска