Во 21 недела почувствував дека нешто не е во ред: Докторите ме убедуваа дека сум се помочала, а потоа на Фејсбук дознав што ми се случува

Лора Донеган од Ковентри е мајка на три деца, вели дека една Фејсбук група и ги спасила близнаците додека била бримена.

Како што кажува, цела бременост во која ги носела близнаците течела нормално се до 21 - та недела кога одеднаш започнала да губи многу течности.

„Воопшто не можев да сфатам што ми се случува. Секако, бев на лекар кој ми рече дека сум се помочала и ми рече да продолжам со нормалните активности“ - вели Лора.

Меѓутоа, нешто и велело дека докторите не се во право и дека се случува нешто многу опасно, па отворила во една Фејсбук група за мајки „Little Heartbeats“. Таму објавила слики и ја објаснила својата ситуација. Мајките од групите и препорачале веднаш да оди на лекар, бидејќи може да добие тешка инфекција.

И така, три недели покасно, на Лори и е дијагностициран предвремено пукање на водењакот.

„Да не се консултирав со другите мајки, моите девојчиња денес се би биле со мене. Јас до тој момент немав слушнато за синдромот предвремено пукање на водењакот“ - истакнува Лора.

Девојчињата поминале седум недели на интензивна нега, откако Лора еднаш ја одржувала бременоста до 31 - та недела.  Денес тие се здрави и весели бебиња.