Во четвртиот месец од бременоста ми дадоа да бирам - ампутација на нога или абортус и хемотерапија

Кога на Кетлин Озборн (28) ѝ беше дијагностициран рак, таа беше бремена во четвртиот месец. Лекарите ѝ дале две опции, да абортира и да оди на хемотерапија или да и ја ампутира ногата

Откако лекарите направија магнетна резонанца и ѝ понудија две опции, Кетлин одлучи да ја ампутира целата десна нога само еден ден подоцна за да го спречи ракот на коските. Операцијата беше успешна и потоа Кетлин се породи осум недели порано, со царски рез.


- Среќна сум што одлучив да ја ампутирам ногата бидејќи добив ќерка. Да не ми ја ампутираа ногата тогаш, ќе ја изгубев ќерка ми, а хемотерапијат на крајот можеби и онака немаше да ми ја спаси ногата - рекла Кетлин, која има и два сина.

За прв пат добила рак кога имала само 11 години, откако се покажало дека болната грутка на десната нога има остеосарком. Потоа, 11 години подоцна, открила дека ракот се вратил, овој пат во белите дробови. По третманот, Кетлин исчисти се', во март 2017 година, но три години подоцна се појавила уште една болна грутка на горниот дел од десната нога. Потоа дознала дека е бремена по трет пат.

- Ми дадоа една недела да донесам одлука и ми рекоа дека колку побрзо одлучам, толку подобро - вели таа, додавајќи дека отсекогаш сакала да има ќерка.


Како и да е, Кетлин морала да ја роди Аиду-Меј осум недели порано, откако уште едно скенирање со магнетна резонанца покажало дека ракот на белите дробови се вратил.

- Не знам колку ми останува, може да поминат години или само месеци. Само сакам да правам работи со децата кои ме прават среќни - рече таа на крајот, пишува „Метро“.

извор:24sata.hr