Во домот на Елена Петреска се печеа божиќни колачиња: Креативноста на Михаил и Софиа за Божиќ

Добивај вести на Viber

Пејачката Елена Петреска која неодамна се пресели во Белгија со семејството, оваа година го прославуваше Божиќ порано од вообичаено.

Таа со нејзинте деца, Михаил и Софиа правеа божиќни колачиња. Подготовката на колачињата Елан ги оставила на имагинацијата на децата, па од објавените фотографии тие одлично се забавувале.

По успешното печење на колачињата, пејачката на нејзините деца им оставила и подароци под елката.

Инаку Петреска изминатиот период го посети божиќниот базар во градот Лил во северна Франција.

Пејачката во Белгија е веќе шест месеци и живее во градот Монс, кое е помало градче во споредба со Брисел.

Фото: Инстаграм