Во еден момент не личела на себе: По долга борба со зависноста, Џесика Симпсон по трет пат ослабе 45кг (ФОТО)

Нејзината долга руса коса и извајано тело беа и останаа нејзин заштитен знак. 

Џесика Симпсон во ноември минатата година објави фотка под која ја опиша борбата со вишокот килограми и изненади многумина кои не знаеја низ што минувала пејачката пред неколку години.

Потоа актерката и пејачка објави фотографија во бикини на Инстаграм и се пофали дека ослабела 45 килограми, а за шокот да биде уште поголем, откри дека ова е трет пат да губи толку многу килограми.


Популарната пејачка мораше да ги изгуби вишокот килограми кои беа резултат на секоја од трите бремености, а покрај тоа се бореше и со одредени видови зависност.
Откако ослабе неверојатни 45 килограми, објави фотографија во едноделен костим за капење и се пофали со совршена фигура.


Нејзините обожаватели беа воодушевени од новиот изглед, согласни дека Џесика е повторно старата Џесика. Некои дури коментираа дека изгледа уште подобро отколку на врвот на популарноста и славата.


Таа неодамна предизвика вистински шок кога, како што тврди, го покажа своето најлошо издание од 2017 година. Покрај фотографијата на која има неколку килограми повеќе, и речиси не личи на себеси, призна и дека поради несигурност се борела со зависности. 


Успешно се изборила со зависноста - четири години не користи алкохол и апчиња. Како што пишува во своите мемоари „Отворена книга“, се посветила на здравиот живот и почнала да вежба и да ја корегира на исхраната.

извор:najzena