Водителите од „Утринска“ остануваат на Телма

Добивај вести на Viber

По острите реакции на јавноста за укинувањето на утринската програма „Утринска на Телма“, телевизијата одлучи да ги сочува водителските двојки, во две сосема нови емисии.

Елена Митева и Гоце Андреевски наскоро стартуваат со нова емисија под име „Црвена линија“.

„ Твитни! Јави се! Вклучи се! Ќе зборуваме за најжешките твитови и теми на денот. Црвена линија на Телма со Елена Митева и Гоце Андреевски секој работен ден од 16:15 до 17:30ч. Bе очекуваме од овој понеделник 23 септември. Бидете со нас! “ - порачаа на својата официјална страна на Фејсбук.

Цеце и Марко пак остануваат на Телма со „Забавен магазин“ ,секој работен ден од 13:45 до 15:15 часот.