Воспитувачка гризнала дете во градинка за да го „научи на ред“

Воспитувачка од градинка е обвинетa дека повредила дете, „за да го научи на ред“. 

„Го гризна детето за да му даде до знаеење дека тоа е болно. Го зема во раце и го повреди “, известува американската телевизија „Ктул“.

Ешли Естес (33) од Тулса, Оклахома од САД е обвинета за повреда на малолетно дете, чија воспитачка била во градинка. 

На детето на лице место му се појавила лузна која неговата мајка која исто така работи во градинката ја забележала прва и веднаш викнала полиција. 

„Мајката потоа дојде во станицата и ја пријави воспитачката. Веднаш ги контактиравме и другите воспитачки  и проверивме дали постојат и сведоци“, изјавил полицаецот Џим Варинг за Тв „Фокс 23“. Полицијата ја однела Естес на распит во станица и таа признала што направила. Признанието ја шокирало полицијата. 

„Како родител верувате дека вашето дете нема да биде малтретирано, дека е сигурно и дека за него добро се грижат. Мислам дека тоа најмногу загрижува во оваа ситуација“, вели полицаецот.

Есетес е веднаш обвинета за малтретитрање на дете. Одредена ѝ е кауција во износ од 10 илјади долари, а од градинката не сакаа да го коментираат случајот. Воспитачката веднаш е отпуштена од градинката.