ВОЗЕЛ 150 КМ/4, ИМАЛ 1,39 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Со овие 10 страшни повреди се бори Дарко Лазиќ

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Лазиќ, кој во четвртокот е опериран и на кој му е извадена слезината поради обилно крварење, ден подоцна се чувствува подобро, потврдила неговата мајка и брат. Тие порасположени ја напуштие болницата и пред новинарите кажале дека нема да му биде ампутирана ногата.

Победникот на Ѕвезде гранда за 2009 година е тешко повреден во стравична несреќа која се случила во вторникот утрото кај местото Брестач во близина на Печинац.

Лазиќ управувал возило BMW, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина од 150 км/ч и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

При превртување пејачот се здобил со тешки повреди:

-потрес на мозокот

-повредена кичма

-хематом на лев бубрег

-згмечени белодробно крило

-пробиена дишна марамица

-скршени ребра

-скршена бутна коска

-повеќекратно скршени нозе

-фрактура на карличната коска

-извадена слезина

извор: Kurir