Време е за бебe: Александра Пријовиќ потврди дека наскоро во нивниот дом ќе пристигне мала убавица (ФОТО)

Александра Пријовиќ првомајските празници ги помина со своите најблиски, правејќи заслужена пауза од настапи. Таа уживаше во природата со сопругот Филип и синот Александар, а следбениците на Инстаграм ги информираше за секој интересен детал.

Така денешната фотографија на Александра Пријовиќ ги разнежни сите нејзини фанови. Имено, таа преку социјалните мрежи објави дека пронашла напуштено кученце, а сите што ја следат ги праша дали некој сака да му подари топол дом.


- Дали некој сака да го посвои ова слатко девојче што го најдовме напуштено на улица - беше прашањето на Александра.

Не е познато дали Александра успеа да го посвои ова слатко куче, а бидејќи сите во нејзиното семејство сакаат животни, не е исклучена можноста доколку никој не се огласи, да го остави за друштво на синот Александар, барем на кратко, додека не пристигне некое братче или сестриче.

Извор: ekskluziv.rs