За 30 години си посакувам ваква фотографија, заедно со нив и внуците: Бојана Скендеровски и сопругот на специјална вечера со децата

Добивај вести на Viber

„7 години љубов,солзи,смеа,умор,радост,желби,остварувања,и слога…

Ова е нашата прва заедничка вечера со бисериве по повод годишнината, си посакувам слична ваква фотографија за 30 години,заедно со нив и внуцитe“. Ова е пораката која пејачката Бојана Скендеровски ја испрати по повод годишнината од бракот со сопругот Васко со кој има хармоничен брак.

Бојана за Васко вели дека е најдобриот сопруг на светот и често споделува приватни семејни моменти низ фотографии со емотивни посвети и моќни пораки.

Познатата пејачка и водителка со сопругот кој е извршен продуцент на нејзиното шоу „Улица Македонија“ се запознале на интересен начин. Преку заеднички пријател таа сосема случајно се нашла кај него на работа во фабриката „Југохром“ во Јегуновце.

- Ми се допадна неговата ненаметливост, но и неговата кротка природа. Уште од почеток и како пријатели имавме многу заеднички теми за разговор – раскажа Бојана во една прилика за Женски магазин.


Совршен партнер не постои, но постои личност која совршено може да Ве надополни: Бојана Скендеровски и сопругот модно усогласени, испратија моќна порака

Копија една на друга: Бојана Скендеровски горда на сестра си Ивана (ФОТО)