За јавноста е познат по романсите со славни убавици: Најпознатата српска инфлуенсерка Дуња Јованиќ е во врска со овој згоден Црногорец (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Една од најследените српски инфлуенсери, Дуња Јованиќ, ја заинтригира јавноста со нова врска. Убавата бринета првично криеше кој е нејзиниот избраник, споделувајќи фотографија на која се гледа само како се држат за рака, но не и кој е тој.


Но, набрзо мистеријата беше откриена... Станува збор за згодниот Црногорец Милош Мандиќ, а овој млад човек ѝ е познат на јавноста по романсите со познатите убавици.

Се шушкаше дека Милош, кој работи во луксузното одморалиште Порто Монтенегро во Тиват, ја оставил хрватската ријалити ѕвезда Ива Гргуриќ поради Дуња.

Не знаеме дали е тоа вистина, но факт е дека Ива исто како и Дуња има неколку фотографии на својот Инстаграм профил направени во споменатиот црногорски  комплекс. 

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)



И додека убавата инфлуенсерка Дуња, на почетокот вешто го криеше својот сакан, сега на нејзиниот профил може да се видат видеа на кои јасно се гледа дека парот е заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)

Медиумите пишуваат дека Милош поседува продавница за накит и часовници и дека потекнува од богато, угледно семејство - неговиот татко е познат лекар. Се шпекулира и дека пред врските со Дуња и Ива бил во врска со црногорскиот модел Јелена Шќепановиќ.

Во секој случај, Милош и Дуња изгледаат како одличен пар - тие се совршено усогласени во модата и имаат иста енергија и сензибилитет.

Да потсетиме, Дуња еднаш во интервју за „Story.hr“ откри зошто мажите се двоумат да ѝ пријдат.

„Штом една жена е остварена и успешна, мажот мисли дека таму нема место за него и дека нема со што да ја шармира, па затоа има многу малку мажи кои имаат храброст да ми пријдат“, рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)


View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)


извор:zenablic 

Жал ми е што не ти го продолжив животот барем 15 минути: Дуња Јованиќ низ солзи се прости од својата најдобра пријателка

Се омажи српската кралица на фитнесот, а за нејзината венчаница зборуваат сите: Толку едноставна, а толку совршена (ФОТО)