За Нова година далеку од дома: Еве на која плажа Верица Пандиловска ги поминува празниците

Добивај вести на Viber

Новогодишните празници пејачката Верица Пандиловска годинава ги помина далеку од дома. 

Нејзина дестинација и на нејзиниот сопруг беше Холандија. Новата година Верче и Звонко ја дочекаа во главниот и најнаселен град во истоимената холандската покраина Утрехт.



После Утрехт Верче сподели дека ја посетила една од најпознатите плажи во Шевенинген.



„Не се бањав во океанот, сѐ уште не сум спартанка, само гледав другите како традиционално се бањаа прв ден од новата 2023 година„ - напиша Верче на Инстаграм објавувајќи низа фотки.

Инаку, Шевенинген е една од осумте области во Хаг со добро развиена инфраструктура и добри услови за рекреација. Некои туристи доаѓаат во европско одморалиште за да сурфаат на ветер, други пак го сакаат Шевенинген поради неговата карактеристична култура и многу историски знаменитости. 

Ова е интересно одморалиште, кое го посетуваат љубителите на активен, интензивен одмор. Оние кои сакаат да се сончаат и пливаат во тишина, исто така, ќе најдат мирно место за себе. Таму одат млади друштва, родители со деца, се одмараат цели семејства.



Со сопругот сме од деца заедно, знаеме кога на кого му треба време и простор за себе: Интервју со Верица Пандиловска