Запознајте ги г-дин и г-ѓа Гучи: Лејди Гага и Адам Драјвер во нов филм за модната империја

Лејди Гага ни го даде првиот ексклузивен увид во снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, за чии потреби таа и актерот Адам Драјвер беа трансформирани во поранешните сопружници кои беа на врвот на брендот Гучи - Патриша и Маурицио.

Во режија на Ридли Скот, филмот ја открива позадината на приказната за колапсот на династијата Гучи, како и атентатот врз Маурицио, внукот на основачот на оваа модна куќа. Имено, Патриција Гучи е осудена за организирање на убиството во 1995 година, откако ја остави поради помлада жена. Прекарот „Црна вдовица“ го стекна за време на 18 години затвор.

Заедно со описот на „Signore e Signora Gucci“, Лејди Гага сподели фотографија на која позира заедно со Адам Драјвер во модни брилијантни изданија, кои се неодоливо поврзани со осумдесеттите години. Ретро плетени џемпери, златни ланци и крзнени капи се парчиња што направија целосен #cameback (враќање) и предизвикаа општ ентузијазам кај публиката. Имајќи предвид дека снимањето се одвива во Европа, и дека Алпите се една од дестинациите, прекрасните пејзажи ќе бидат неизоставен дел од филмот.

Ова е прва важна улога на Лејди Гага по филмот „A star is born“, по што беше номинирана за Оскар. Важните номинации не го заобиколија ниту Адам Драјвер, за неговите улоги во филмовите „BlacKkKlansman“ и „Marriage Story“. Имајќи предвид дека познатата пејачка има италијанско потекло, не се сомневаме дека нејзината улога ќе биде веродостоен приказ на озлогласената Италијанка.

Филмот за убиството, алчноста, лудилото и гламурот, снимен според романот на Сара Геј Форден, ќе биде премиерно прикажан на 24 ноември, а во составот ќе бидат и Ал Пачино, Џаред Лето и Џереми Ајронс.



Фото: Profimedia/Youtube/screenshoot/GAGAFLIX

Видео: Youtube/ Celebrity WotNot

Moжеби ќе ве интересира:

Лејди Гага не е повеќе русокоса: Направи драстична промена на фризурата и стајлингот (ФОТО)